29/03/2024
Дебрца

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Нема ни С од санација на балон салата во Требеништа

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Пред еден месец Градоначалникот во заминување Ногачески помпезно објави дека извршил санација на балон салата Аминта Трети во с.Требеништа каде што за санација и за изработка на акрилна подлога на тениско игралиште потроши 175.000,оо денари. Но за жал сликите покажуваат дека тие пари залудно ги потрошил, а од санација нема ни С.

Затоа со преземањето на локалната власт во Дебрца од страна на ВМРО-ДПМНЕ инвестициите во спортот и спортската инфраструктура ќе се зголемат, а пред се ќе се изврши санација на се што е уништено бидејќи очигледно не се способни да го одржаваат она што е изградено во времето кога општина Дебрца ја водеше ВМРО-ДПМНЕ.“ – стои во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.

One thought on “ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Нема ни С од санација на балон салата во Требеништа

Comments are closed.