24/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Депонијата Буково ги труе жителите, а Георгиески не мрда ни со прст

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Депонијата Буково ги труе и ги труе жителите на Охридскиот регион, а Георгиески не мрда ни со прст.

За Георгиески поважни се партиските интереси иако повеќе од три месеци неподнослива миризба и чад се чувствува во делови од градот и околните села.

Георгиески треба да се засрами затоа што не презема ништо додека загадениот воздух предизвикува здравствени проблеми кај жителите.

Зошто Георгиески не ги спроведува препораките на УНЕСКО со кои депонијата требаше да биде затворена до крајот на 2020 година?

Несфатливо е во 21 век да гледаш депонија како гори, а Георгиески за тоа мора да биде казнет.

Георгиески и СДСМ исто како депониите насекаде низ градот се еколошка бомба и за брзо време охриѓани ќе ги фрлат на буништето и ќе ги испратат во политичка историја.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.