26/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Доблесно е Георгиески да ја признае грешката и конечно да побара одговорност од засегнатите

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Георгиески и СДСМ се најлошото за Охрид, вистинска елементарна непогода и еколошка катастрофа.

Доблесно е да се извини за вчерашната елементарна грешка, а не да лаже и дрско да манипулира дека нема никакво асфалтирање на дрворедот.

Георгиески веднаш да им одговори на оние од чии пари се финансира оваа лудост, а тоа се граѓаните кои имаат право да знаат кој ги изведува ваквите ,,инженерски активности”, кој бил надзор и какви санкции им следат?

Од каде ја добил идејата да асфалтира дрва и да се одземаат делови од вегетацијата само за бизнис интереси?

Недозволиво и неетички е Георгиески да се натпреварува со своите колеги градоначалници од СДСМ кој ќе направи поголема глупавост.

Остана уште малку време кога охриѓани ќе се ослободат од оваа неспособна власт и ќе започне период на реализација на капитални проекти кои се во интерес на Охрид.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.