25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Додека народот се чуди како да плати сметки, Крлеска-Деспотоска кажува приказни и лаги во кои повеќе никој не верува

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите кое се однесува на денешната прес-конференција нa претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска-Деспотоска.

„Додека народот се чуди како да плати сметки, Крлеска-Деспотоска кажува приказни и лаги во кои повеќе никој не верува!

Граѓаните се уморни од лица како Крлеска-Деспотоска и тие околу неа.

Крлеска-Деспотоска да се заврти надесно и нека го праша Директорот на државното претпријатие ,,Колектор” колку и дали цената на колекторот е поскапена двојно?

Нека се заврти налево и нека ја праша Жаклина Лазаревска колку е поскапена цената на струјата, на горивата, на плинот?

Но може да ја сфатиме Крлеска-Деспотоска дека не чувствува економска криза бидејќи Владата за едни дели пари и враќа долгови на блиски фирми до неа за разлика од обичните граѓани.

Во нивниот паралелен свет тече мед и млеко, а во реалниот свет на обичните граѓани има беспарица, невработеност и сиромаштија која расте.

Крлеска-Деспотоска да одговори дали поскапената цена на струјата ќе значи и поскапување на водата за пиење?

Сите знаат дека СДСМ ја покачи цената на струјата за 30% само Крлеска-Деспотоска не.

Да ја потсетиме дека ефектите од нивните лоши политики се поголема сиромаштија, уништен стандард, најнизок раст на економија и зголемен долг.

Што да се очекува од истите луѓе, истите лаги, истото потценување на граѓаните.

Предвремени парламентарни избори за да се ослободат државните институции од канџите на СДСМ.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 27.03.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид