28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче си тера партиска „турнеја“ додека броиме рекордни бројки на новозаразени и починати

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во врска со трибината на министерот Венко Филипче во Охрид.

Додека не денови, туку недели по ред броиме рекордни бројки на новозаразени и починати, министерот Венко Филипче си тера партиска „турнеја“.

Најстрашно од сè е што при тоа ги инволвира и злоупотребува младите доктори. На наводна „трибина“ посветена на струката, отспротива им го седнал потпретседателот на Изборниот штаб на СДСМ. Тешко ќе оди манипулирањето со оваа категорија млади луѓе. Тие препознаваат на каква „трибина“ се викнати додека го гледаат директорот на ДЈП „Колектор“ седнат до нив. А и со КОВИД-19 точно знаат како стоиме.

Знаат и колкави се бројките, и какви се алгоритмите за тестирање, и колку ги чекаат резултатите од тестовите, и какви се условите на Инфективните одделенија надвор од Скопје, и како се следат контактите, и колку ги знаеме и контролираме кластерите.

Сè ним им е јасно, доктори се!

Ова е доказ дека Филипче не води Министерство за здравство во ек на епидемија, туку партиска политика. – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.