25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески цели 5 месеци никако да ја заврши улицата „Јане Сандански“

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„И по 5 месеци откако Георгиески со фанфари најави реконструкција на улицата „Јане Сандански“ нема ништо на повидок.

Ниту нов асфалт за коловозната лента, ниту реконструкција на тротоарите, нема велосипедски патеки, ниту е подигнат нов дрворед, нема ново улично осветлување и соодветна сообраќајна сигнализација, а граѓаните секојдневно се соочуваат со прекин во водоснабдувањето.

Неспособноста на Георгиески се докажа и по утврдените неправилности со тоа што се копаше претходно поставениот тампон.

Георгиески уште еднаш докажа дека воопшто не води грижа за безбедноста на граѓаните ставајќи ги во опасност со несоодветното одбележување на градежните зафати.

Георгиески откако го преспа целиот мандат сега предизборно на сред туристичка сезона ги раскопа улиците и поради неговата неспособност граѓаните се соочуваат со огромен хаос во сообраќајот.

Времето на неработникот Герогиески завршува и доаѓа вистинското време кога со промената на Локалната власт ќе започнат проекти и капиталните инвестиции за Охрид.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.