19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески е уценет и не може да се справи со дивоградбите

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Кога станува збор за справувањето со дивоградбите Георгиески цело време се крие и молчи. Секогаш се појавува кога се ближат избори, а со тоа го покажува своето лицемерие дека успешно се справува со дивоградбите.

Дали Георгиески ќе го замоли неговиот партнер во Власта за почеток да ја отстрани бетонската база или уште еднаш ќе ја рушат привидно на ден пред избори?

Едно е јасно, а тоа е дека Георгиески е селективен само затоа што е уценет и дел од урбаната мафија!

Георгиески мирно гледаше како пред негови очи никнуваа дивоградби и не реагираше.

Ако Георгиески е транспарентен зошто тогаш го крие Регистарот на дивоградби?

Дали руши шанкови затоа што тука не гледа политички и бизнис интереси?

Зошто лани пред избори се руши само една плажа и една платформа?

Дали тоа не е селективност?

Георгиески селективноста ја покажува со тоа што не ги руши дивоградбите од неговото време.

Со СДСМ и Георгиески на власт Охрид никогаш нема да биде тргнат од листата на загрозени подрачја на УНЕСКО.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.