ВМРО-ДПМНЕ: Итно да се постапи и да се преземат мерки за секојдневното кршење на човековите права на притворените пратеници

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат Хелсиншкиот комитет за човекови права, итно да постапи и да превземе мерки за секојдневното масовно кршење на човековите права на притворените и приведените лица.

Тие во писмото испратено до Хелсиншкиот комитет за човекови права бараат истиот да се заложи и да дејствува за заштита на опозициските пратеници и остро да ги осудат злоупотребата на полицијата и обвинителство за пречекорување на нивните овластувања при притворањето на пратенциите.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно остваруваат средби со меѓународни и домашни институции и лица за прекршување на сите законски постапки и процедури околку начинот на кој што се води истрагата и начинот на кој што се спроведуваат сите предистражни постапки околу настаните на 27 април.

Пратениците денеска во Собранието на Република Македонија остварија средба со претставници на ОБСЕ, а во текот на вчерашниот ден остварија средба и со Народниот правобранител на Република Македонија.