19/04/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ ја започна акцијата „Лето за Македонија“

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ  Струга, Мирче Аџиоски, денес одржа прес-конференција, на која истакна:

„Почитувани стружани, сакам да ве известам дека ВМРО-ДПМНЕ ја започна акцијата „Лето за Македонија“ во која ќе работаат 1500 тима кои ќе го посетат секој дом во Република Македонија. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струга е подготвен со своите тимови да излезе на терен и да ги посети сите граѓани на Струга и струшко. Ќе разговараме за сите проблеми кои ни ги наметна оваа антидржавна власт предводена од Зоран Заев. Добредојдени се сите ваши идеи, сугестии и визии кои ги имате за понапредна и просперитетна Струга. Секој граѓанин на Струга има подеднакво право да учествува во формирањето на програмата која ќе се стремиме да биде најдобра политичка програма и истата ќе ја врати надежта за подобра Македонија. Ние стружани најдобро знаеме кои се последиците од владеењето на СДСМ од минатото па се до денес. Од нас зависи во каква Македонија ќе живееме, затоа ве повикувам сите заедно со волја, меѓусебна почит и доверба да работиме и да ја вратиме Маккедонија на вистинскиот пат, силна, стабилна и напредна, своја на своето.“ – истакна Аџиоски.