28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Каде е наводниот нов Закон за заштита на културното наследство?

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:

Да говориш за заштита на културното наследство и унапредување на туристичкиот потенцијал на Охрид треба да имаш достоен кредибилитет. За жал СДСМ и Алаѓозовски го немаат тој кредибилитет.

Нека каже еден единствен проект од оваа област што го реализирале. Факт е дека не реализирале ниту еден проект за конзервација, реставрација и санација на ниту еден објект или локалитет во Охрид.

Што се однесува на изјавата дадена на основачкиот состанок на Комисијата за управување со наследството на охридскиот регион, со наводниот ризик за Охрид и некаква опасност од губење на статусот град под заштита на УНЕСКО, Алаѓозовски ги манипулира граѓаните, спротивно на изјавите од официјалните лица на комисијатата на УНЕСКО во нивната официјална посета во кои експлицитно се вели:

„Никогаш не дошло во прашање Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО, на Охрид не му се заканува бришење од листата“.

Единствено што треба да направи министерот Алаѓозовски е да им објасни на охриѓани:

Дали прекинувањето на проектот за Центарот за култура значи живот за Охрид и охриѓани?

Веднаш транспарентно и целосно да се објави извештајот и да се образложи кои мерки се преземаат?

Каде е наводниот нов Закон за заштита на културното наследство?

Што се случи со системот на задолжително финансирање на спомениците од листата на споменици од национално значење?

СДСМ да престане да манипулира со граѓаните и крајно време е да престане со тргување на државните и националните интереси а да се заложи за заштита на националнииот идентитет на македонскиот народ и Република Македонија.“ – стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.