25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Лазаревска лицемерно оди во посета на студентскиот дом „Никола Карев“, а Владата крати средства

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„СДСМ вети многу, а не реализира ништо. СДСМ ја уништува перспективата на младите. За младите не дојде животот кој им го ветуваа. Младите се излажани и изневерени. Ветуваа студентски градови и подигнување на студентскиот стандард, а стопирана е реконструкцијата на студентските домови.

Владата крати 170 милиони денари од Буџетот наменети за изградба и реконструкција на студентски домови, а пратеничката Жаклина Лазаревска лицемерно оди во посета на студентскиот дом „Никола Карев“.

Зошто Лазаревска и СДСМ го одбија амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за додавање на средства во ребалансираниот Буџет за реконструкција и одржување на студентските домови во вредност од 40 милиони денари?

Од една страна кратат средства и одбиваат амандмани, од друга страна пак ја согледуваат состојбата, условите и потребата од подобрување на условите за престој на студентите кои се сместени во домот.

Каде се двојно поголемите стипендии за студентите?

Додека над 460 илјади Македонци живеат со еден оброк на ден, гладуваат и се борат со сиромаштијата, Лазаревска лицемерно нагласува дека Министерството за труд и социјална политика финансирало дневно 58 оброци за социјални лица и семејства од Охрид преку проектот народна кујна којшто долги години веќе се спроведува во студентскиот дом.

Владата на СДСМ ја воведува сиромаштијата и бедата помеѓу граѓаните. Државата и градот се повеќе осиромашуваат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

Дали СДСМ се свесни дека кај граѓаните владее апатија и депресија?

Што побрзо си замине оваа ненародна Власт, толку подобро за граѓаните.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.