29/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Меѓу „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“ се гради цел кружен тек којшто не е соодветен за оваа делница

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Грижата за граѓаните којашто треба да ја има Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески е сведена на минимум.

Наместо подобрување на безбедноста и протокот на возила на крстосницата меѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“ се гради цел кружен тек којшто не е соодветен за оваа делница.

На тој дел транзитот е максимално загрозен и поради тоа е зголемен бројот на сообраќајни незгоди.

Дали за Георгиески со тоа не е максимално загрозен сообраќајот и тоа не е многу опасно и животозагрозувачки?

Со самиот факт дека никој не презема одговорност за таков проект истото се докажува.

Зошто надлежните интституции не преземаат ништо, ниту СВР, ниту градежен инспектор знаејќи дека сѐ се прави на своја рака и незаконски?

Георгиески да одговори дали постои некаква градежно-техничка документација (Проект, Одобрение за градба или за Реконструкција)?

Неспособноста и несериозноста на Георгиески можат да чинат човечки животи.

За ваквото незаконско работење ќе поднесеме соодветни пријави до надлежните институции.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.