20/04/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Мерко без да ја почитува одлуката на Советот, донесе решение улиците „15ти Корпус“ и „Пролетерски Бригади“ да останат еднонасочни

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга денес одржа прес-конференција на која говореше портпаролот Мартина Јанковска Стојаноска.

„Стружани од денес со нови давачки!

Коалицијата СДСМ и ДУИ ,,блесна” во Струга по којзнае кој пат, под водство на градоначалникот Рамиз Мерко.  

Улиците ,,15ти Корпус” и ,,Пролетерски Бригади”, за кои, патем, беше донесена одлука на Советот на општината да бидат двонасочни, а градоначалникот, без да ја почитува одлуката на Советот, донесе решение, истите да останат еднонасочни со што, директно се удира по џебот на граѓаните на општина Струга.

За оваа одлука гласале само советниците на СДСМ и ДУИ и со тоа му се дадени проширени надлежности на претпријатието “Еко-Струга”, притоа неводејќи грижа за штетата која им се нанесува на граѓаните. Градоначалникот на Струга наместо да се грижи за стружани и како татко на градот да ги решава најосновни проблеми како што се: секојдневниот недостаток на вода, зголемениот број на улични кучиња, јавното осветлување кое што го немаме итн, тој потпомогнат од своите коалициони партнери од СДСМ, донесува штетни одлуки за граѓаните. Очигледно некој со оваа одлука ќе профитира, но секако тоа ќе биде на грбот на стружани.

Токму затоа, на 12 Април народот ќе ве казни и на вашиот “блесок” ќе му дојде крај.

Нам ни требаат политичари со јасна визија и цел, кои ќе ја доведат обновата на Република Македонија и обновата на нашиот град.

Доста ни е од вашиот егоизам и алчност!

Време е за обнова!“ – истакна Јанковска Стојаноска.