25/04/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Мистериозно исчезна македонското знаме од јарболот во Струга

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати допис до медиумите во кој стои:

„Утринава осамна срамна слика во нашата Струга. За жал, мистериозно исчезна македонското знаме од јарболот кај полициската станица во градот.

Се прашуваме, дали случајно ќе доаѓа Ципрас во посета на Струга, па господинот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовскиси дадоа наредба да се тргне македонското знаме, за да можат да направат “selfie”? До каде е спремна оваа власт на СДСМ да оди со понижување на македонскиот народ, само за да ги оствари своите срамни цели? Уште што ли ќе направат за да покажат дека се срамат од своите државни симболи и обележја?

Господа од актуелната власт, вие сте срам за сите нас, Македонците!

Затоа, наскоро ќе бидете казнети од граѓаните на Република Македонија! Верувајте, ви доаѓа крајот!“ – стои во дописот од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.