16/04/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ: На секојдневниот хаос и безредие во Струга им нема крај

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„На секојдневниот хаос и безредие во Струга им нема крај.

Незаинтересираноста на локалната самоуправа предводена од ДУИ и нивните коалициони партнери од СДСМ е навистина загрижувачка.

Имено, нашите сограѓани кои живеат на ул. ,,Арсение Јовков”, кај кулите, веќе неколку дена бараат помош од локалната самоуправа и ЈП Проаква да го решат дефектот со водоводната цевка која е пукната и веќе поголем дел од улиците е поплавен.

Но, да е иронијата поголема, цевката е пукната под гаража, која патем е дивоградба.

Граѓаните, немоќни се обратиле кај пратеникот од СДСМ, Јован Митрески за да им помогне.

Би сакале да Ви објаснеме неколку работи:

Прво и основно, за проблемите со кои се соочуваат нашите сограѓани, не треба да се “слушнете” со директорот и да се заврши работата, туку институциите треба континуирано и одговорно да си ја вршат работата.

Друг важен момент… Па, нели во Струга немаше дивоградби?!

Како сега пратеникот од СДСМ, Јован Митрески, потврдува дека над пукнатата цевка има нелегално изградени објекти?!

Нели пратениче, Вашата партија ,СДСМ, вети пред сите граѓани дека дивоградбите од Струга и Охрид ќе бидат срушени, по сите предупредувања и остри критики од УНЕСКО?!

Од ден, на ден тонете се подлабоко во вашите лаги!

Толку сте потонати, што крајот ви е на самиот праг!

Ваквото лицимерие и суета не се должни граѓаните да го трпат и преживуваат на своја кожа!

Вашата бескруполозност и безидејност се само доказ дека сте неспособни да се справите со обичен проблем, а камо ли да водите држава!

Крајот ви се ближи, се гледаме на предвремени парламентарни избори!

Доста е!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.