ВМРО-ДПМНЕ : Народе македонски време е да ја дигнеме Македонија на нозе, време е да му ставиме крај на ова зло

Oбраќањето на  г. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ од протестниот марш кој се одржа во Битола

Добар ден горда Македонијо добар ден Битола.

Добар ден браќа и сестри Македонци граѓани на нашата преубава татковина Република Македонија добро ни дојдовте.

Драги браќа и сестри,

На овој ден во 90-тата година дел од вас беа на тој историски состанок кога се формираше партијата, дел од вас беа на терен основајќи ги општиниските и месните комитетите, дел од целокупната македонска јавност беше со широко отворени очи и начулени уши очекувајќи ги постулатите на кои ќе се заснова нашата партија да станат реалност. Независна држава, сопствена армија, фудбалска репрезентација, сопствена валута, и се она што значи слобода и сувереност во тоа време за нашата Република Македонија.

Стојам овде гордо пред вас и сакам на сите нив на сите вас на сите сограѓани да им оддадам голема почит за делото кое што во тоа време го направија и ни го оставија аманетот на слободарска независна суверена Република Македонија ви благодарам на сите.

Во тоа време срцата на нацијата чукаа како едно, и кој ако не ВМРО ДПМНЕ го водеше бајракот гордо исправени и соочени со бројни предизвици на тогашното многу сложено секојдневие.

Мног луѓе гледаа на тоа со скепса многу луѓе не веруваа но тогашните наши современици веруваа, веруваа во слободна  независна и суверена татковина Република Македонија.

Имало луѓе, браќа и сестри кои се организирале, се бореле обединети околу една единствената идеја, и покрај сите падови, кои не ги чинело политичка кариера како што еден наш денешен современ таканаречен политичар ќе каже ги чинело нешто ново по скапоцено а тоа биле нивните животи, животите на нивните најблиски и ги положиле со една цел и за една идеја со име и презиме за навек врежани во нивните срца и генерациите по нив а таа идеа била Република Македонија.

Ние не може да го избереме времето кое ќе го живееме, тоа е Божја волја, но можеме да избереме КАКО ЌЕ ЖИВЕЕМЕ! Тоа е она што може оваа генерација да го избере како ќе живееме.

Јас сум свесен дека сите очи на јавноста се свртени кон нас, кон нашата партија кон ВМРО-ДПМНЕ. Дури и во случај кога сите порази и чуда што може да се направат и смислат ги смислила оваа ненародна власт, а токму во нас се бара спасот а јас го слушам гласот на народот го слушам овде, го слушам ширум Македонија.

Граѓаните повикуваат поведете ме!

Драги пријатели,

Основната задача на ВМРО-ДПМНЕ и мене како претседател е да бидеме глас на огромното мнозинство Македонци и граѓани на Република Македонија, тоа е она мнозинство кое заради различни причини, некои погласно но некои и во себе викаат “Доста е!”, “Премногу е!”, “Неможе вака веќе!”  “Неприфатливо е!” и таа задача ја прифаќаме со целата своја одговорност свесно при здрав памет.

Како што кажав досега ова се сериозни историски времиња и сега пред нас освен секојдневните и реалните проблеми на живеењето, беспарицата, невработеноста, лошите, катастрофални политики во здравството, образованието, во социјалата во медицината во земјоделието, младите генерации кои посебно последнава година масовно ја напуштаат оваа земја, јас сум сведок како професор кога ги гледам нивните очи кои спасот го бараат надвор од нивната мајка Македонија, ја напуштаат земјата.

Се соочуваме и со најголемото предавство и капитулација која што можеше да ни се случи а тоа е договорот кој што го потпишаа за промена нашето вековно име.

Сега додека тој некаде седи насмеан и самодоволен дека го тапкаат по рамо зошто завршил голема работа која патем никој негов претходник нити државник не се ни дрзнал да помисли на таков начин да ја заврши.

Додека тој се слика и ужива во овие пет минути слава историјата ќе суди а ние громогласно да му порачаме во еден глас, ајде сите заедно,

Македонија,

Македонијаа,

Македонијаааааааааааааа!

Тоа е нашето име браќа и сестри, тоа е името со кое што се изговара со гордост со посебна чест и достоинство, со внимание и силна енергија.

Со посебно чувство и почит.

Нашето име е големо, затоа што тоа е она што бевме, тоа е она што сме, и тоа е она што ќе бидеме горди Македонци.

Македонија е нашата љубов, нашата заедничка емоција, нашиот завет, нашата татковина, и дедовина. Македонија останува нашата иднина.

Браќа и сестри на Македонија сега и е потребна вашата сила, вашиот разум, вашата мудрост вашиот глас вашата енергија како никогаш досега. И немојте да престанете да го употребувате нејзиното име, затоа што ние сме тие, тука сме поради нејзе, и нека се знае колкава е нашата љубов кон нашата татковина Македонија.

Таа е нашиот завет, таа е нашиот сон, таа е единствената наша определба. Македонија како основна причина за секој наш чекор, секој наш збор или дело. Како единствена цел на нашиот животен пат.

И затоа кога ќе го кажете со гордост името Македонија изговорете го со верба, сигурност, чест и достоинство.

Кој друг ако не ние. Затоа што ВМРО го носи заветот на генерации и генерации македонци за независност, слобода и своја суверена независна држава Република Македонија. Тие генерации биле корави и цврсти Македонци за оваа своја цел, неретко плаќале со највисоката цена, своите животи, но и тогаш сметале дека тоа е премалку за она што преставувало нивната движечка енергија и цел имала име а тоа име го кажавме десетици пати денеска и да го повториме уште еднаш – Македонија. 

Тоа бил најисконскиот порив на македонскиот обесправен народ, тоа била борба за човечки правдини на сите кои живееле на овие простори, без разлика дали биле македонци, албанци, турци, роми, срби, власи, бошњаци, столетен пркос кој еволоуирал кон крајот на 19тиот век во нешто што прераснало во организирано движење, подоцна именувано со 4те свети букви В М Р О. И затоа овие букви се габарит и големина, чест, но пред се обврска.

Александров ќе рече Во минатото Македонија даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит. Македонија и сега создава големи по душа и неповторливи маченици и херои, подготвени за самопожртвување, пред споменот или ликот на кои им симнуваме капа. Секоја чест на тие.

И грешат оние кои сметаат, или пак намерно шират тези дека наводно ВМРО ДПМНЕ поделува, создава граници, и подигнува ѕидови. ВМРО ДПМНЕ е токму спротивното, тоа е заедничкиот покрив на една иста куќа, во која сите ние живееме, чии темели се силни, далеку продрени во земјата, изградени со човечки судбини и животи на многу генерации, кои се обединиле, пред се поради заедничкиот порив, а тоа било слобода и сопствена држава Македонија.

ВМРО настанало како стремеж на луѓето од овие простори, да се организираат, одбранат, да создадат нешто свое и заедничко.

И таа истрајност е голема, затоа што ВМРО ДПМНЕ, исто како и ВМРО преставува верба во принципи и вредности. Нешто што трае толку долго, и што обединува толку многу луѓе, мора да е вербата во принципите но и вредностите. ВМРО-ДПМНЕ во својата структура и основа ја носи таа слободарска мисла, таа мисла е сонот на многумина пред нас, и наша обврска која што мора да ја исполниме за генерациите кои што ќе дојдат по нас.

ВМРО и Македонија се иста идеја која ги натерала на дело Татарчев, Карев, Делчев, гемиџиите, илинденците и оние потоа, партизаните кои се чувари на огнот и стремежот за своја сопствена држава. Подеднакво и ние денес ја имаме таа обврска им благодариме на тоа што го направиле за да можеме ние денес да ја имаме ова држава.

Драги браќа и сестри,

Иако одбележуваме 28 години од ВМРО-ДПМНЕ и 125 години ВМРО, ние не славиме, ова не е прослава затоа што околностите се загрижувачки, а реалноста претешка која се носи на плеќите на обичниот човек и нашата земја.

Но сепак треба да и се погледне на реалноста во очи. А таа е дека Македонија е зафатена од силен ураган. Запаметете зафатена од силем ураган со име и презиме, Зоран Заев.

Кампањата кои тие ја спроведоа е да бидете пасивизирани, да покажете дека сте незаинтересирани и да си кажете сите се исти, јас Ве уверувам дека ние не сме исти, зарем исти сме тука што сме. Да си помислите ништо не зависи од вас а верувајте се зависи од вас, од нас иднината на оваа земја зависи од вас и од нас, не од него. Но ќе ви кажам не потценија.

Имаме работа со влада и човек кој потпишува договор за капитулација. Запаметете капитулација. Имаме толку невешто водени преговори што сега на власт имаме влада која што го има епитетот капитулантска. А не само што нема победа гледате ли да се слави во Македонија за тоа што г онаправија денеска? Напротив, луѓето тагуваат и плачат. Солзи се по улиците на Мекедонија. За каква победа сакаат да не убедат. Тоа е класичен пораз и капитуалција на неспособниот премиер и тимот окулу него.

И во исто време овој ист човек си немаше мака, ја лажеше целата јавност дека нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име. На вакви луѓе, дури и Барон Минхаузен може да им позавиди. Ќе го нарекуваме покрај Евро Заев и Минхаузен Заев.

Згора на тоа видовме како се колне во претците во дедовината, во татковината, се колне и во најмилото дека додека дишел нема да дозволи да го промени уставот. За да потоа видиме дека превзема чекори со кој ја издиша Македонија.

Големата вистина е дека Заев со договорот го изменил идентитетот и тоа што договорот подразбира македонско и Македонци е нешто сосема ново и друго од тоа што ние сме биле досега. Има една категорија која е непозната за оваа партијата и за тој човек, а таа категорија се вика срам. Ова е срамна капитулација што денеска и се случи на нашата татковина на Македонија. Срамна капитулација.

Ова вака секој можеше. Ова не е тешко да се направи. Впрочем не е тешко за човек кој не знае што е нема вредности во животот и човек кој додека го фалат јавно, а зад затворени врати му се потсмеваат има можност све да направи.

Ваквиот договор е пораз со сите нишани, но работата е што поразот на човекот кој го склучи договорот сака да биде и пораз на целата татковина наша Македонија.

На лице светци, во срце волци, напиша големиот Григор Прличев пред речиси 150 години. Им го видовме вистинското лице се правеа светци, а во суштина се волци и потпишаа капитулација за татковината која ги родила, школувала им ги дала сите благодети да се развиваат како луѓе и како семејства.

Во оваа темнина за македонската држава овој мрачен тунел за нашата заедничка иднина едно е јасно, Заев мора да падне за да може Македонија да се издигне. Тоа е единствената цел. Заев да падне за Македонија да се издигне.

И тука морам да посведочам за една случка која ми се случи посетувајќи ги нашите прекрасни села во источниот крај на нашата татковина, Република Македонија. Ми раскажуваа за случка која што се случила пред стотина години. Кога влегла војска и го запалила селото. Селаните се поделиле на две групи. Едната група се приклонила кон овие освојувачи кои што го запалиле селото,  а другата група, покрај тоа што знаела дека тоа може да ги чини со живот одлучиле селото да го воздигнат повторно од темел.  Највпечатлива била една бабичка од 80-тина години. И пришол еден од освојувачите, ја видел како изнемоштена на својот грб носи една голема греда и ја прашал, до кога со овие работи, зарем не гледаш дека не можеш да ја издигнеш куќата која што ти ја запаливме?  Онака скромно, тажно , изнемоштено му се завртела и му рекла, не е важно дали јас ќе успеам, важно е на која страна бев во целата оваа работа.  Важно е ние ВМРО-ДПМНЕ да бидеме на страната на народот, на страната на Македонија. Тоа е важно.

Би сакал сега силно да кажам. ВМРО ДПМНЕ  е застаната цврсто  на нозе, чекори, ќе се спротивстави, со сите демократски и правни средства на оваа капитулација која што денес ни ја сервираат И на сите обиди за деградирање на суверенитетот на нашата земја. И ќе повторам уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промената на Уставот а со цел промена на уставното име.

Јас Христијан Мицкоски, од срце кажувам, и со здрав разум зборувам, гледајќи кон Македонците, кон граѓаните на Република Македонија исправено, и достоинствено, никогаш, никогаш, по ниту една цена, па макар таа чинела и живот,  нема да го поддржам ова капитулантско дело на Заев.

Македонија е името по кое се препознаваме и разликуваме од другите. И не заборавајте тоа е нашиот код. Верувам во принципи и вредности. И јас не можам да бидам ништо поинаку од она што се моите принципи и вредности.

А за сето ова што сега и го прават на Македонија ќе дојде денот, ќе чукне часот кога ќе одговараат и пред законите , но и пред народот. Да запаметат.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе продолжи да работи и чекори со народот во Македонија. Заедно ќе се спротивставиме на сите порази. Јас и раководството, заедно со коалицијата ќе бидеме помеѓу луѓето, во градовите, селата, маалата, улиците во текот на летото.

Ова ќе биде ЛЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА!

Затоа што браќа и сестри тоа ќе биде нашиот долг кон нашата Татковина. Тоа е она за кое што се бориме и ќе продолжиме да се бориме.

Ќе биде посетен секој град од повеќе тимови од партијата, ќе ги посетиме домовите на луѓето, ќе поразговараме со секој поединец, ќе побараме мислење, што мислат, што е потребно да направиме. Ќе имаме граѓански собири на кој ќе ја кажуваме вистината, нашите позиции, нашите ставови. Заеднички ќе се спротивставуваме на сето она што денес го мачи секој еден граѓанин. Народот мора да биде внимателен, не смееме да паднеме на  изрежирани провокации. Тука они ќе го бараат алибито за оваа капитулација што ја сервираа на Татковината. Мора браќа и сестри да внимаваме и секој чекор да ни биде во насока на тоа како да си ја добијат заслужената казна овие предавници.

Драги браќа и сестри,

ВМРО-ДПМНЕ се реструктуира, ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за способните, младите, старите, работниците, селаните, талентираните, за секого. Секој еден граѓанин во нашата земја. За оние кои сакаат да ни се придружат. Нека боите црвена, црна и жолта, бидат знакот по кој се препознаваме и ќе бидеме различни од овие другите. Ние сме Македонија!

Ова е Македонија во која веруваме. Ова е Македонија на слободни луѓе за која се вложуваме себеси, сите ние од тимот кој одлучил дека беспоштедно ќе се бори за заедничката иднина. И секој еден кој сака да ја гледа државата како напредува ќе биде дел од овој тим! Тимот кој ќе ја носи Македонија вистински во нови победи и подобар живот за сите. Бидејќи еден живот имаме, а животот нема реприза и и го должиме на Република Македонија.

Народе Македонски, време е да ја дигнеме Македонија на нозе. Време е да дојдат подобри времиња. Време е да му ставиме крај на ова зло што ни се случува. Време е Македонија да победи. За Македонија која ќе победи во економијата,во образованието, во здравството, во земјоделието,  Македонија која ќе ги врати своите чеда назад, онаму каде што им е местото. Каменот тежи само дома. Македонија со шанса за секого. Македонија горда! Ние сме тие кои што треба да ја направиме и имаме должност тоа да го направиме.

Браќа и сестри, сосема на крај. Сакам да се потсетиме на Крушевскиот манифест пред 115 години

Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи! Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата  челат и пречелат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!

Стани Македонијо!

Станете македонци, граѓани на оваа земја, сега е времето кога се пишува историја.

Стани Македонијо, со верба, со чест и достоинство.

Твоето име нека се слуша громогласно, и силно. Сега секој еден од вас е потребен, ова е часот, ова е тоа време. Стани Македонија од секој град и село, од секое маало и улица  стани со сета своја сила и убавина. Ние сме, овие синови и ќерки се тука за тебе.

Македонија нема друг избор освен победа. Македонија била, е,  и ќе ја биде!

Македонија ќе победи,

Да ние жива и здрава мајка мила Македонија

Да сте живи и здрави и вие

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!