ВМРО-ДПМНЕ: Нашиот тим е силен, обединет и во себе носи силна желба и мотив за нови победи, тоа ќе го докажеме на следните избори

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои:

„Во недостаток на идеи, визија и концепт како да се води Охрид, СДСМ Охрид си зема за право да кометира состојби и кадровски решенија во ВМРО-ДПМНЕ.

Разочарувањето на граѓаните од вашата антологиска неспособност и неукост не можете да го прикриете со евтино и провидно политикантство, навреди, некултура… ВМРО-ДПМНЕ Охрид нема да паѓа на Вашето кочишајко ниво на комуникација туку напротив со факти и докази ќе ги разобличува секојдневно вашите погубни политики и промашувања.

Почитувани господа од СДСМ Охрид,

Конечно време е да почнете нешто да работите. Некако ветениот живот за граѓаните на Охрид никако да дојде. Поминува нешто повеќе од половина година откако ја имате целокупната власт во Охрид.

Ниеден проект!

Ништо не реализиравте!

Ниеден започнат проект!

Од тоа треба да се срамите и Вашите кадри кои се плаќаат со пари на граѓаните треба да ги прашате што работат и зошто ги нема на нивните работни места?

Наместо да работите на проекти, Вашата главна реченица се кривични пријави и кривични постапки! И тоа какви? Без ниту еден аргумент во нив, нарачани директно од вашите партиски кујни. Познат е Вашиот стил!

Но, Ве прочитавме и ние и граѓаните и не се плашиме! 2 јуни е денот кога ќе започне Вашето заминување од власт! Онака како што Ве инсталираа, македонскиот народ ќе Ве деинсталира! Македонија повторно ќе победува и повторно ќе зборуваме за проекти и развој!

Тимот на ВМРО ДПМНЕ е силен, обединет и во себе носи силна желба и мотив за нови победи. Тоа ќе Ви го докажеме на следните избори кога и да се, кога катастрофално и ќе Ве победиме, Вас и вашите штетни политики!

И за крај дојде животот! Но не за сите! Ги опфати само неколку фамилии и лични пријатели од Охрид кои се вдомија или унапредија во рамки на администрацијата и секако животот не запрел за фамилијата Заеви и нивните милионски бизниси за кои секојдневно јавноста дознава!

Почитувани од СДСМ Охрид,

Ве советуваме да не го трошите времето на банални соопштенија, зошто на наше огромно жалење го трошите времето и трпението на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ Охрид порачува на поголема култура во понатамошната комуникација.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.