29/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Од справувањето со дивоградбите остана само евтин театар на власта од СДСМ и градоначалникот Георгиески

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше портпаролот на Општинскиот комитет, Перчо Божиновски.

„Од справувањето со дивоградбите остана само евтин театар на власта предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески. 

За жал воопшто нема искрени намери за справување со нелегалните градби, и по сите најави за конечно функционирање на правото.

Во најпоследниот скандал кровот на зграда во близина на градскиот пазар станува нов спрат.

Зошто Георгиески молчи и не одговара дали е дивоградба спратот изграден на кровот од зградата?

Дали Георгиески прикрива дека овој скандал води до актуелна советничка во Советот на општина Охрид од владејачкото мнозинство?

Георгиески да постапи по законите и да ја сруши дивоградбата. Крајно време е Герогиески да започне да ја спроведува политиката на нетолеранција кон сѐ што е нелегално.

На средбата со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски зарем не разговараа за дивоградбите и за препораките на УНЕСКО?

Можеме да заклучиме дега главен проблем за дивоградбите е токму Георгиески, синоним за селективност, сервилност, за политички пазар.

Георгиески оди спротивно препораките на УНЕСКО, а со тоа се повеќе го загрозува статусот на Охрид во УНЕСКО.“ – истакна Божиновски.