28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Охрид ниту е чист, ниту е среден. Охрид никогаш не бил позагаден.

Во врска со отчетот на ЈП „Охридски Комуналец“ реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во која стои:

„Политиките на СДСМ отсекогаш значеле дека Јавните претпријатија треба да се користат како партиски инструмент. ЈП „Охридски Комуналец“ на чело со директорот Љупчо Грданоски ја доживува најслабата година од неговото функционирање.

Миленичето на градоначалникот Стојаноски со трансферите на пари од Општината прикажува позитивни резултати. Лицемерно е со тоа да се присвојува позитивен финансиски резултат и подобрување на материјалната основа.

Директорот да одговори која беше причината да набавува поволни возила со нереални цени и сомнителни технички спецификации кога сите знаеме дека Претпријатието има доволно средства да купи нови? Дали станува збор за нешто друго?

Со депонирањето отпад и ѓубре на незаконски начин повторно ја активираа дивата депонија во „Мауцкер“. И покрај ветувањата и секојдневните најави проблемот со кучињата-скитници никако да се реши. Единствено нешто што направија е цветен тунел.

Зошто нема навремено управување со комуналниот отпад, не се чисти градот, се отвораат нови депонии?

Наместо услови за здрав живот, градоначалникот Стојаноски и директорот Грданоски создаваат еколошка катастрофа. Охрид ниту е чист, ниту е среден. Охрид никогаш не бил позагаден. Охрид заслужува да биде урбан и чист град.

Доста беше сликање и празни говори на пресови, една година Ви помина без проекти. Време е да се фатите за работа, охриѓани чекаат реализација на ветените проекти.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.