19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид

По повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати честитка во која стои:

„ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор. Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и поржтвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода низ вековната макотрпна и пожртвувана борба на нашите предци за достигнување на крајната цел конечно ослободување на градот Охрид. Симбол на непокор, патриотизам и правда.

Со чествувањето по повод денешниот празник, ние се присетуваме на херојските подвизи на борците против фашизмот, како завет дека нивните херојства и жртви никогаш нема да бидат заборавени а слободата за која се бореле ќе ни биде вечна. Слободата на нашиот град, извојувана со натчовечки напори и големи жртви никогаш не смее да биде изгубена. Тоа е наш долг кон нашите претци и наш завет кон нашите поколенија.

По тој повод, делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид ќе им оддаде достојна почит на борците за слобода и ќе положи свежо цвеќе на спомениците на славните охридски револуционери од НОБ.

Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на Охрид!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.