25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за католички Велигден

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.

„Почитта кон христијанските вредности, радоста кон животот, љубовта кон Бога и ближниот и во овие празнични денови нека бидат присутни во секој дом во кој се слави победата на животот над смртта, симболот на Велигден. Со желби за убави и среќни мигови, на сите верници со католичка вероисповед им го честитаме Воскресението Христово.

Нема поголема радост и нема поголемо поголемо веселие од она што произлегува од триумфот на љубовта над омразата, надмоќта на надежта над очајанието, вечната победа над смртта. Во ова време на големи искушенија, мораме да сме единствени и сплотени пред предизвиците и секогаш да изнаоѓаме вистински решенија за доброто на сите граѓани.

Нека е за многу години големиот празник!

Христос воскресна! 

Навистина воскресна!“- стои во честитката.