28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за празникот Свети Климент Охридски

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го честита големиот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид.

„Свети Климент Охридски – Патрон на градот Охрид и нашата Црква, прв словенски епископ на македонскиот народ со Дух напоен од Бога, основач на Охридската архиепископија и основоположник на првиот словенски универзитет олицетворен во Охридската книжевна школа.

Покрај светите браќа Методиј и Кирил ја развиваше својата љубов кон Бога и пишаниот збор затоа што зборот е најмоќното средство што го поседува еден човек.

Личноста на Свети Климент е израз на благост и благородност, а неговиот глас и име одек во иднината како се сака и како се чува идентитетот на македонскиот народ.

Неговото апостолско дело и мисија за знаењето и просветувањето започнати од Охрид и Македонија се аманет за чување на културната, јазичната и националната посебност.

Посакуваме убав празничен ден исполнет со душевен мир и семејна топлина.

Нека е честит и вековит празникот!

Нека е вечен споменот на Свети Климент Охридски!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.