ВМРО-ДПМНЕ Охрид: За жал, службите уште еднаш потфрлија кога е во прашање невреме

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Граѓаните уште еднаш ја почувствуваа ненавремената реакција на Локалната самоуправа и градоначалникот Јован Стојаноски. За жал, службите уште еднаш потфрлија кога е во прашање невреме со тоа што оставија жители на Охрид сами да се справуваат со штетите од невремето што го зафати градот.

Градоначалникот Стојаноски, Кризниот штаб, службите на Општината треба да реагираат најбрзо што можат, а Јавните претпријатија да помогнат со механизација и пумпи за црпење на водата. Мобилизацијата на Општинските служби треба да биде на највисоко ниво со цел да им се помогне на граѓаните.

Сведоци сме дека надлежните во градот веднаш не ги преземаат соодветните мерки и навремено не постапуваат. Доцна ќе биде кога ќе се пресметуваат штетите, а граѓаните повторно ќе се изманипулираат дека ќе добијат обесштетување.

Потсетуваме дека функцијата Градоначалник освен привилегии носи и одговорности и апелираме во иднина одговорностите на градоначалникот Стојаноски да бидат секогаш во преден план.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.