19/04/2024
Дебрца

ВМРО-ДПМНЕ ОК Дебрца со реакција во врска со најавата за изградба на депонија во Дебрца

ВМРО-ДПМНЕ ОК Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца категорично ја отфрла предложената локација за изградба на регионалната депонија во Годивје и на било која друга локација од Дебрца. Како во изминатото активно ќе се вклучиме во запирањето на оваа налудничава идеја бидејќи Дебрца е единствената општина со чиста животна средина, таа претставува најголемото сливно подрачје на Охридското Езеро кое е заштитено со закон и под заштита на УНЕСКО. Го подржуваме Градоначалникот со неговите отворени ставови дека е против изградбата на оваа депонија, но би сакале да го прашаме дали толкаво е неговото влијание кај сопствениот партиски шеф, а тоа е премиерот Зоран Заев кој во кампањата за локалните избори во Белчишта им порача на Дебрчани дека зборот е збор и дека нема да се гради депонија во Дебрца тоа може да се види од видеото:

Меѓутоа неговиот збор очигледно е лага како и се друго што има ветено, затоа го прашуваме Ногачески дали и тој како неговиот шеф во очи не гледа и лажи како што ги излажа Дебрчани кога му требаа гласовите за да стане Градоначалник, затоа времето ќе покаже, а со оглед дека времето брзо поминува се ќе излезе на виделина.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Дебрца.