28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: 8.000.000 (ОСУМ МИЛИОНИ) денари за ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во врска со договорот за привремени вработувања во Општина Охрид.

„Во услови кога критиките на невладиниот сектор, ревизорите и јавноста се насочени кон нетранспарентните трошења и заобиколувањето на законите преку авторските агенции, без политичка одговорност и чувство за тежината на функцијата Градоначалник, во услови на тешка криза кога половина чаршија е затворена, луѓе се бркаат од работа и пред пропаѓање е уште една туристичка сезона… ,,Таткото на градот” потпиша договор во висина од 8.000.000 (осум милиони) денари за привремени вработувања и со тоа стана татко само на своите послушни партиски војници.

Со оваа тура на нетранспарентни вработувања, Општина Охрид официјално е општина со најмногу вработени и втора по задолженост во државата.

Секоја чест!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.