28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Борбата за Македонија продолжува!

По завршувањето на Предвремените избори за Градоначалник на општина Охрид, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Во Охрид победи правото и правдата. Охрид ја доби битката на душата и честа. Реалноста за охриѓани е дека бараат правда, слобода, стандард, принципи и вредности. Народот јасно и недвосмислено ја делегитимира Власта препознавајќи го нејзиното лошо владеење и погрешни политики.

Картата е црвена, а тоа е бојата на победата.

ВМРО-ДПМНЕ е коренот на македонскиот граѓанин.

Благодарност до сите граѓани коишто не поддржаа, за нивната храброст, честитост, патриотизам, како и макотрпна, чесна и достоинствена работа во изминатиот период додека траеше кампањата, но и претходно.

Честитките до Константин Георгиески ги испраќаме со порака за успешност во работата на Локалната самоуправа реализирајќи ги сите искажани ветувања. Како конструктивна опозиција уште денеска започнуваме со контрола на неговата работа и ветувања кон охриѓани и ќе бидеме гласен коректор на Локалната власт.

ВМРО-ДПМНЕ како победник на претседателските избори во Охрид ја зацврствува својата позиција со освоените гласови што претставува предност и опомена за предвремени парламентарни избори.

И покрај заканите, уцените и притисоците Ви благодариме за безрезервната поддршка и не застануваме туку продолжуваме помотивирани, посплотени и поединствени кон целосна победа во Охрид и преземање на власта.

Достоинствено продолжуваме со крената глава кон освојување нови победи.

Борбата за Македонија продолжува!“ – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.