19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: По сите неуспеси Грданоски сега ќе води и фудбалски клуб

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Несериозноста на Локалната самоуправа во раководењето со градот и понатаму продолжува.

Градоначалникот Константин Георгиески и функционерите на СДСМ „ги решија“ сите проблеми за што беа поставени, па сега ќе се докажуваат и во други сфери во општественото живеење.

Откако со ЈП „Охридски комуналец“ и директорот Љупчо Грданоски нема навремено управување со комуналниот отпад, не се чисти градот, се отвораат нови депонии, активирана е дивата депонија во „Мауцкер“, проблемот со кучињата-скитници никако да се реши, гори отпадот во Буково, сега по сите неуспеси Грданоски ќе води и фудбалски клуб.

Грданоски да се посвети на решавање на огромниот број проблеми кои повеќе од две години никако да ги реши, а не да врши должност претседател во ФК Охрид.

Дали градоначалникот Георгиески е свесен што му се случува на градот?

Не се ли поучи од грешката со претходниот директор Владимир Алексијоски дека градот губи?

Зошто дозволува сето ова охриѓани да го трпат?

За фудбалот има докажани спортски имиња од Охрид, а не треба тоа да се користи за ситни политички поени.

Локалната власт предводена од СДСМ и Георгиески покажа како не треба да се води градот затоа што наместо решавање на проблемите создаде многу нови за Охрид и охриѓани.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.