23/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите сограѓани и припадници на Влашката етничка заедница по повод 23 Мај – Национален ден на Власите.

„Влашката заедница со својата трудољубивост и богата култура е поврзана со целокупната историја на македонскиот народ која дала голем придонес во она што денес го имаме во Охрид и Република Македонија.

Празнувањето и почитувањето на меѓусебните културни посебности е наша одлика и пат за подобра иднина.

Ви посакаме добро празнично расположение со многу здравје, радост, успех и благосостојба во Вашите семејства.

Нека е честит 23 Мај – Национален Ден на Власите!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.