29/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод Католички Божиќ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар им го честита големиот празник на Раѓањето Христово.

„Божиќ е празник на љубовта, простувањето и милосрдието, симбол на Божјата љубов, време за мир во мислите и душата.

Христовото раѓање е нова надеж за подобро утре за секој човек, празник кога се негуваат убави мисли и дела. Светлоста на Божиќ е водилка кон личниот успех и среќа.

Заедно да се стремиме кон подобра иднина на сите и напредок на Охрид и Република Македонија.

Посакуваме празничните денови да ги поминете во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето.

Мир Божји – Христос се роди!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.