29/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани упати честитка во која стои:

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани упатува искрени честитки до граѓаните кои го празнуваат овој ден и им посакува лична среќа, радост во нивните семејства и интеграција во општеството.

Египќаните како дел од богататата историска и културна традиција во Охрид и Република Македонија даваат подеднакво значаен придонес во развојот на современото општество, во одбраната на демократските процеси и придобивки бидејќи токму од нив произлегуваат и сите механизми за заштита на културниот идентитет, социјалната благосостојба и просперитет на сите припадници на заедницата.

Во овие тешки времња за Македонија само со меѓусебно разбирање се градат темелите на доверба и меѓусебно почитување како универзални вредности.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.