16/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка за Прочка

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите сограѓани им упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Велики поклади-Прочка.

„Овој голем ден на помирување на небото со земјата му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието како една од основните потпори на христијанската вера. Денес е денот да се подаде рака, да се побара прошка и да се даде прошка. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта, простувањето и спасението на човековиот род. Патот на моралот, вредностите, совеста и правдата. Прочка не треба да биде само еднаш годишно, туку наша секојдневна определба.

Нашите граѓани знаат да простуваат и токму затоа, тивко и спокојно, во мир и хармонија, со љубов и радост да ги пречекаме пораките кои ни ги носи овој ден. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.