24/04/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга со честитка по повод 8ми Ноември – Денот на ослободувањето на Струга

ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите граѓани им го честита 8ми Ноември – Денот на ослободување на Струга од фашистичкиот окупатор.

„Непокорот на Македонците низ историјата во минатото, бил докажан низ вековниот стремеж и желбата преку крвава борба да издвојат конечна победа и слобода на македонскиот народ.

Денес го празнуваме 8ми Ноември – Денот на ослободувањето на Струга од фашистичкиот окупатор и со посебна почит, да се присетиме на сите херои кои ги положиле своите животи за ослободување на нашиот град. Историјата и корените се нашата основа и тие го изградиле македонскиот идентитет низ вековите. Без нив, македонскиот народ нема иднина. Успехот се должи на крвава борба и сплотеност, како во минатото, така и денес, низ овие тешки денови за Македонија. Да продолжиме и во иднина, сплотени и со заеднички сили, да опстоиме на браникот на татковината, да го одбраниме македонскиот идентитет! Да им оддадеме почит и да им се поклониме на нашите предци, да ги оствариме нивните идеали! Да бидеме достоен пример за нашите идни поколенија!

ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите граѓани им го честита 8ми Ноември – Денот на ослободување на Струга од фашистичкиот окупатор, а воедно и на сите православни верници, големиот христијански празник Св.Димитрија (Митровден).

За многу години!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ, ОК Струга.