29/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: По излегувањето од езерските води на сите капачи им беа земани податоци од страна на полициските службеници

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Традицијата е нашето дефинирање, а Водици нашиот корен. Но за жал од достоинствен, искрен и сосема краток настан во кој преовладуваа среќата и радоста власта непотребно создава нервоза.

Апсолутно непотребно на сите капачи по излегувањето од езерските води им беа земани податоци од полициските службеници. Немаше никакво групирање и натпревар за фаќање на крстот чин кој беше завршен во црква, не постоеа турканици и немаше никакви непријатности, па според тоа за секаква осуда е насилието кон граѓаните од страна на власта.

Народот нема да ги заборави двојните аршини на оваа ненародна власт.

Селективното однесување на власта е крајно нечовечки и против македонската традиција.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.