19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Преку амандмани на буџетот за 2021 година предлагаме низа мерки кои се од особено значење за охриѓани

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Доста е враќање назад, Охрид треба да оди напред. Локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески немаат концепт за успешен развој на Охрид. Преку амандмани на буџетот за 2021 година предлагаме низа мерки кои сметаме дека се од особено значење за граѓаните на Охрид.

Целосно ослободување од плаќање членарина за сите деца вклучени во младинските школи и спортски клубови по претходно спроведен јавен повик од страна на општина Охрид. Целта е да се подигне свеста за спортот и неговото значење во зачувување на здравјето како и зајакнување на имунитетот особено во овие услови кога пандемијата зазема големи размери.

Доизградба на атмосферска канализација за село Велгошти.

Изградба на резервоар за вода и пумпна станица во село Ливоишта.

Изградба на резервоар за вода и пумпна станица во село Подмоље.

Изградба на фекална канализација со пречистителна станица – Прва фаза за село Горно Лакочереј.

Изградба на фекална канализација со пречистителна станица – Прва фаза за село Елшани.

Санација и изградба на потпорни ѕидови во село Коњско и село Елшани.

Изградба на спортска сала во с. Лескоец.

Изградба на спортска сала во ОУ „Братство Единство‘‘ кај Крст Џамија.

Владејачкото мнозинство крајно време е да ги остави теснопартиските интереси и личните бизниси и да покаже вистинска грижа за потребите на граѓаните. Доста беа лажни ветувања и празни слогани. Само со поддршка на амандманите ќе покажат дека работат искрено и во интерес на Охрид и охриѓани.“ – истакна Божиновски.