20/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ без срам ќе го отвори затворениот зелен пазар како проект во целосна реализација на минатата локална самоуправа

Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Безидејноста на Власта предводена од СДСМ и Зоран Заев сѐ повеќе и повеќе е поочигледна како што им се ближи поразот на предвремените парламентарни избори.

На долгата листа на неуспеси на СДСМ денеска со очаен обид Зоран Заев на крајот од својот премиерски мандат без срам ќе го отвори затворениот зелен пазар како проект во целосна реализација на минатата локална самоуправа предводена од Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ.

Лицемерно е што СДСМ осум години им го ветуваше објектот на охриѓани, а во наследство на мината локалната самоуправа остави само хипотека на старата зграда на пазарот пред реализација, во корист на една деловна банка.

Денес Заев и градоначалникот Георгиески треба да се погледнат во очи и да се запрашаат: Што ќе им остават тие во наследство на нивните наследници?

Одговорот е едно големо ништо затоа што тие не знаат да реализираат проекти.

Добро е што СДСМ и Заев се јавуваат во улога на промотори на проектите на ВМРО-ДПМНЕ, но лошо е што доцнат цели три години и што ги лажат граѓаните дека нешто направиле.

И по цели три години ветувања, сликање и предизборни најави реалноста зборува дека за колекторскиот систем се започнува санација, но за негова доизградба и модернизација допрва ќе се размислува што ќе биде многу тешко влегувајќи во изборна година.

Од една страна зборуваат за проекти, а од друга страна со ребалансот ги скратија ставките од буџетот на општината наменети за изградба на фекална и атмосферска канализација со единствена цел враќање стари долгови.

Граѓаните знаат дека СДСМ не работи ништо и китењето со туѓи перја е одлика на неспособните.

СДСМ нѐ критикуваше за капиталните проекти, а сега се фали и се слика со истите.

Крајот на погубните политики на СДСМ ќе заврши по 12 април кога доаѓа времето за нови проекти за Охрид.

Обновата на Македонија ќе понуди нов развој на Охрид!“ – истакна Божиновски.