19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се нервозни и исфрустрирани затоа што промените во Охрид се видливи

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во врска со соопштението од ОО на СДСМ Охрид.

„СДСМ Охрид се нервозни и исфрустрирани затоа што промените во Охрид се видливи со градоначалникот д-р Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Охрид заврши со сите градежни активности, а Кристина Крлеска-Деспотоска наместо неиздржано да го напаѓа Градоначалникот, нека се обрати до Министерството за транспорт и врски, кое е нарачател на градежните активности, да ги притисне изведувачите да завршат во рокот и секако до нивните пратеници во Собранието на Македонија како дел од централната власт.

Вашата лицемерна загриженост за туристичката сезона и „менаџерските способности“ се гледаат од тоа дека досега требаше да го завршите автопатот Кичево-Охрид.

Заврши времето кога Охрид тонеше во безизлез и кога дивееше урбаната мафија.

СДСМ нема право да зборува за туристичка сезона затоа што направија ненадоместливи штети за туризмот, за угостителите и охриѓани кои живеат од туризмот и угостителството.

Охрид и туристите веќе го забележуваат новиот однос на Локалната самоуправа кој се одликува со работа и решавање на проблемите на граѓаните.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 06.07.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид