29/03/2024
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на реформска влада која ќе се справува и со корупцијата

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

После 30 години бевме сведоци на најкорупмираните и најнедемократските избори кои што некогаш се организирани во суверена и независна македонска држава. Овие избори кои што завршија 15 јули уште еднашка покажаа и докажаа дека ова влада предводена од ова раководство на СДСМ на чело со Зоран Заев ниту знае ниту пак има намера да организира фер и демократски парламентарни избори. Ова се избори каде што граѓаните од свој џеб ќе платат еднакво 1 милијарда евра. Толку чинеше поткупот кој што го спроведе Владата предводена од СДСМ во случајов техничкиот претседател на Владата тоа е господинот Оливер Спасовски.

Точно една милијарда евра ќе ги чини граѓаните поткупот кој што го спроведе оваа Влада и ќе ве потсетам овие 1 милијарда евра беа средства кои што државата, Владата ги позајми со двојна цел. Првата цел беше справување со корона вирусот и втората цел беше справување со економската криза која што тогаш беше на повидок. И за да тоа се случи од страна на претседателот на државата господинот Стево Пендаровски беше прогласена вонредна состојба, но што добивме? Добивме нов долг од 1 милијарда евра за само едно тромесечје, секое македонско семејство е задолжено за 2 илјади евра, а на сметка на тоа кога ќе се спореди денес ситуацијата со корона вирусот и она пред воведувањето на вонредната состојба ќе се согласите сите, но и ќе се согласи македонската јавност дека работите ни одат го погрешна правец односно таа е многу полоша отколку пред воведувањето на вонредната состојба. За економијата ќе зборувам малку подолго.

Понатаму спротивно на сите меѓународни препораки, се менуваше изборниот законик. Ќе ве потсетам на владина седница одржана на 22 јуни, ден кога истекуваше вонредната состојба се промени Изборниот законик во 5 до 12 кога на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија му беше оневозможено согласно закон презентирање во медиумите еднакво какво што тоа го имаа владејачките партии во случајот СДСМ и Демократската Унија за интеграција или да тоа го пренесам со бројки ќе кажам дека ВМРО-ДПМНЕ во тој момент можеше да се презентира максимум 3 минути во час, а додека пак останатите политички партии кои што беа дел од владата како СДСМ и ДУИ можеа и до 6 минути во секој час

Оттука ако го погледнете последниот извештај на АВМУ, односно господинот Трајчевски ќе видите дека практично времетраењето на презентирањето на СДСМ е повеќе од 129 часа, презентирањето на ДУИ е некаде околу 119 часа, а ВМРО-ДПМНЕ 72 часа, што значи дека спротивно на сите меѓународни препораки се менуваше Изборниот закон и се злоупотребуваше грубо вонредната состојба која во тој момент ја донесе господинот Стево Пендаровски со една цел, а тоа е како да им се помогне на граѓаните во справување со предизвиците како резултат на економската криза. И затоа можам да кажам дека вина споделува и самиот претседател. Инаку организацијата на овие избори беше со една цел, а тоа е да имаме ефикасни институции, но она кое што го добивме веднаш по завршувањето на тие избори на 15 јули е годишен колективен одмор од страна на СДСМ предводена од Зоран Заев кој еве конечно денеска на 4 август е прекинат, така што би рекол изминативе повеќе од 20 дена имавме можност да разговараме, договараме, преговараме владино мнозинство, парламентарно мнозинство, но господата од СДСМ предводени од Зоран Заев одлучија наместо ефикасни институции да се посветат на одмор.

Но, на страна од кажаното кое го слушнавме на прес конференцијата од страна на господинот Зоран Заев јас би сакал да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период но и во периодот кој следи се фокусира на преговори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи и нова влада, влада која ќе биде фокусирана на справување со вистинските проблеми оние проблеми кои навистина живот значат за нашите сограѓани, а тоа е пред се пандемијата предизвикана од КОВИД 19 која гледаме кога цела Европа практично излегуваше од таа пандемија ние тоневме се подлабоко и еве веќе неколку месеци започнувајќи од оној март па се до сега август месец ние никако да излеземе, бројот на новозаразени е веќе троцифрена, а бројот на луѓе кои го загубија својот живот ја помина границата од 500, а бројот на заразените повеќе од 11 илјади.

Пред се, исто така, покрај справувањето со последиците од КОВИД 19, тука би сакал да споменам и справување со економската криза која е на повидок, односно економската криза која во суштина ја чувствуваме веќе сите ние како граѓани.

Сите оние кои што изминативе месеци имаат минимална плата, сите оние кои што не добиваат плата, но и сите оние што стравуваат за својата иднина кога станува збор за економската состојба во државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период, но и во периодот кој што претстои ќе биде силно фокусирано во формирање на ново парламентарно мнозинство, што ќе поддржи Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, Влада која што вистински ќе се справи со предизвиците кои што ги споменав, а не Влада која што ќе фингира справување и од предизвиците ќе создава уште поголеми предизвици, само за да може одговорноста да ја префрли на друг.

Но, што и да се случи во преговорите кои што ќе ги води ВМРО-ДПМНЕ и кои што ги водеше во деновите кои што се пред нас, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе бидат дел од овој парламентарен состав ќе бидат фокусирани исклучиво во предлози кои што ќе значат вистинска борба против криминалот и корупцијата, нешто што претставува исклучителен предизвик за сите политичари, бидејќи на овие избори граѓаните силно збореа и силно говореа дека довербата во политичките елити како никогаш досега во овие 30 години независност е на најниско ниво. Затоа мора под итно да покажеме и да докажеме на дела вистински како да се справиме со криминалот и корупцијата која што навистина зема сериозни размери во нашето македонско општество.

За економијата зборував, резултатите кои што практично денеска ги продуцира оваа Влада која што е во заминување, се нов јавен долг од над 1 милијарда евра, наближивме до 60%, критериум дефиниран според Мастрихт задолженост, што значи дека практично ние во овој момент не би можеле да бидеме дел од Европската монетарна унија. Индустриското производство бележи двоцифрен пад и во месец јуни кога практично сите ограничувања не беа веќе во сила, гледаме дека индустриското производство е во паѓање од 15%, очекувам дека двоцифрен ќе биде падот и на БДП, сеуште гледам се споменува онаа бројка од 3,7% проценти раст на БДП од последниот квартал од минатата година, но некако се заборава дека во првиот квартал од оваа година растот или стагнацијата е еднаква на нула, кога голем број европски држави бележеа по 3, 4, 5% раст, сега очекувам во вториот квартал да биде тој пад двоцифрен. Бројот на лица кои што работат во индустријата е помал за повеќе од 5% овој јуни во споредба со јуни во изминатата до 2019-та година. Сето ова кое што денес го зборувам претставува вистински предизвик и за сето ова ние зборувавме и за време на кампањата, но истовремено зборуваме гласно во новата Влада, која што се надеваме ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и веднаш со робусни интензивни мерки ќе се справиме со овие предизвици кои што кои што навистина ги мачат нашите сограѓани, исклучително се важни како понатаму ќе се развива оваа наша држава.

Не помалку е важен предизвикот во Собранието бидејќи македонските ученици и овој први септември, на помалку од месец дена од денеска сеуште немаат јасна визија и јасна стратегија како ќе продолжи понатаму да го обавуваат образовниот процес. Кога зборуваме за реформите, зборуваме за реформи кои што ќе значат справување со криминалот и корупцијата во Македонија, реформи што ќе значат вистинска економија која ќе се темели на стабилен раст и превенција од ова денеска кое што е погрешна политика на задолжување и погрешна политика на опаѓање на бруто домашниот производ и индустриското производство, реформи што ќе значат  вистински и квалитетен образовен систем, здравствен систем.

 Зборуваме за Влада која што на вистински пат ќе ја изнесе Македонија, ќе ги изнесе граѓаните на Македонија, а не Влада која што изминатиов период од повеќе од 3 и пол години имаше можност да покаже услови кога светската и европската економија бележеа рекордни стапки на раст кај нас за жал, ние се задоволувавме со просечното.

Еве да завршам она кое што очекувам во деновите кои што се пред нас ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да убеди парламентарно мнозинство кое што во иднина ќе поддржи една ваква вистинска реформска влада која што на брза трака ќе ја однесе Македонија пред рамноправно членство во Европската Унија.

Ви благодарам на вниманието

Новинарско прашање: Дали овој состав од пратеници од вашата коалиција е компактен и ги имате сите на број, имајќи предвид дека господинот Заев беше убеден дека може да формира влада и со ДУИ, но и без ДУИ, што значи дека има резервни пратеници кои би влегле во влада на СДСМ, не останува друг простор освен да преземат пратеници од вашата коалиција, дали имал контакти и преговори со пратеници до вашата партија?

Одговор: Сум зборувал на оваа тема изминативе денови, за мене политиката не е пазар и тоа е погрешното што се случуваше во изминатиот парламентарен состав, туку е филозофија,а за да некој пратеник или граѓанин подржи некоја политичка опција треба да има определена точка којашто ќе го поврзе со програмата која ја нуди таа политичка опција. Врз основа на разговорите и врз основа на луѓето во коишто верувам, бескрајно верувам а коишто се дел од овој парламентарен состав и се дел од пратеничката група на Коалицијата за Обнова на Македонија, не верувам дека постои таков којшто ќе ја подржи програмата којашто ќе ја понуди господинот Заев и СДСМ, а којашто би била идна програма за работа на таа идна влада којашто би ја предводел господинот Заев и СДСМ.

Во сето она коешто денеска се темели на некои реминисценции од минати искуства мислам дека нема да биде апликативно и мислам дека искуствата од претходниот парламентарен состав никако не можат да бидат применети во овој парламентарен состав. Но, истовремено не би бил сигурен кога би бил на местото на нашиот политички противник во сопствените редови и во сопствената коалиција бидејќи можеби таму пак ќе има пратеници коишто ќе ја подржат реформската програма којашто ја нуди ВМРО-ДПМНЕ. Така што да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозинство. Инаку да, на оние пратеници на кои им пристапиле мистериозни личности коишто се повикуваат во името на раководството на СДСМ пријдоа, ги кажаа и со згрозување ги одбија и јас со згрозување одбивам да коментирам ваков тип на пазар, затоа што на тој начин само ги демотивираме и деморализираме нашите сограѓани на следните избори коишто за неполна година дена од денеска ќе бидат локални, да излезат и да го дадат својот глас. Затоа јас сакам и верувам како политичар во политичката мудрост, во политичка програма, во политичка филозофија, а не на пазар како што тоа се случуваше во изминатиот парламентарен состав.

Новинарско прашање: Господинот Заев најави дека од денеска ќе ги започне преговорите со албанските партии, дали вие имате некаков план кога ќе почне со преговори?

Одговор: Да, периодот којшто следува ќе ги зачестиме средбите со политичките партии коишто се дел од овој парламентарен состав, јас тука не би ги издвои претставниците на албанските политички партии бидејќи и во коалицијата на господинот Заев има политички партии коишто можеби ќе ја препознаат реформската програма на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја подржат.

Новинарско прашање: Сте оствариле ли до сега контакти со некои од коалициските партнери од власта, бидејќи два пати досега напоменувате дека можеби има пратеници од коалицијата на СДСМ кои би ја подржале вашата програма?

Одговор: Во интерес на преговорите би се задржал само на ова што два пати го повторив.

Новинарско прашање: Дали некој знае каде се наоѓа пратеникот Мендух Тачи бидејќи плус или минус тој може да биде 62-от пратеник во едната и другата влада, бидејќи самиот не се појавил?

Одговор: Претпоставувам господинот Тачи своеволно ќе одлучи која програма ќе ја подржи, во периодот којшто следи ќе има состаноци на оваа тема се надевам дека на тие состаноци вистинска одлука ќе донесе господинот Мендух Тачи, а за одлуката подобро е да поразговарате со него, дали ќе подржи една или друга политичка програма, ќе остане во опозиција, сепак тоа е негова лична одлука.

Новинарско прашање: Заев беше прилично сигурен дека следните четири години нема да има нови избори, дека ќе направи голема владина коалиција, односно дека ќе има мнозинство во собранието?

Одговор: Јас не би сигурен во она што бил сигурен господинот Заев, тоа се покажа во изминативе месеци дека не е баш така она што го кажува господинот Заев, но да јас се согласувам дека се потребни четири години стабилна влада, влада којашто ќе биде реформски ориентирана влада која што ќе нема луѓе позади кои ќе има бројни коруптивни афери, луѓе кои во минатото гледавме како посегнуваат по мито, по корупција, луѓе кои што  се аболирани за сторен криминал. Се согласувам со господинот Зоран Заев во една работа дека е потребна една таква влада во која што ќе партиципираат луѓе кои што нема да бидат обременети со криминал и афери од минатото нивно политичко делување, туку вистинска четири годишна реформска влада која што ќе ги спроведе сите оние реформи кои што се неопходни пред како приоритет реформите во судството што ќе значи борба со криминалот и корупцијата, реформите во здравствениот систем затоа што знаете ние потрошивме една милијарда евра со изговорот дека ќе се бориме со Ковид пандемијата и ќе ги санираме последиците од економската криза. Кај нас Ковид пандемијата наместо предвидените 2000,  сега за 5 ипол пати е поголема бројката и натфрли 11.000. имаме веќе 500 луѓе кои го загубија својот живот. Во економијата бележиме двоцифрени стапки на опаѓање, во образованието буквално никаква стратегија така што вистинското прашање е  кој ќе понесе одговорност за оваа една милијарда евра потрошени пари на граѓаните. Денеска ги задолживме граѓаните за 2000 евра секое семејство, за 120 000 денари, да не зборувам за поскапувањето на цената на електричната енергија за тоа во деновите кои следат. Да потребна е вистинска реформска влада која што има јасен план и визија како да се справи со овие предизвици, а не влада која ќе остане обременета во криминал и корупција и ќе прави реминисценција на некои минати времиња. Влада која што ќе понуди програма и филозофија, а не влада која ќе се занимава со басни.

Новинарско прашање: претпоставувам имавте координација претходно на сите политички лидери, коментар за неговата нервоза?

Одговор Не, немавме координација. Координација имаа координаторите на пратеничките групи и тоа беа координаторите од претходниот состав. Навистина кога човек е прилично сигурен не треба да биде толку нервозен и на тој начин да ги портретира медиумите. Јас сум бил сведок на негово портретирање во минатото на еден новинар кој го нарече со друг збор, на еден медиум кој го нарече провладин. Денеска прв пат слушнав дека имало медиуми кои што практично уредувачката политика ја креирале во зградата на една политичка партија. Згрозен сум од тоа обраќање кон медиумите и еве јас во мое име бидејќи не слушнав од негова страна доблест да се извини, јас во негово име и од името на сите тие кои се обраќаат кон медиумите чувствувам  должност да се извинам за таквото недолично извинување на еден политичар кој претендира утре да ја води владата.