25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Селективниот Георгиески создаде хаос со плажите, платформите и урбаната опрема

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Туристичка сезона започната, а Георгиески никако да воведе ред на плажите.

Георгиески селективно започна со отстранувањето на платформите кои повторно гледаме како се враќаат назад.

Дали Георгиески застана само затоа што повторно започнува период на предизборни пазарења?

Георгиески сега дозволи да се узурпира јавниот простор со лежалки, да има самоволна наплата за паркирање возила и слични дејности.

Со СДСМ и Георгиески на власт имаме урбан хаос, беззаконие, самоволие и девастирање на светското природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО кое сега е на листата на загрозени подрачја.

Георгиески направи ненадоместливи штети за туризмот, за угостителите и луѓето кои живеат од туризмот и затоа охриѓани ќе го казнат на претстојните локални избори.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.