20/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Со Георгиески Охрид ниту е чист, ниту е среден, следува казна на изборите

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Георгиески и Грданоски се обврзаа постојано и навремено дека ќе управуваат со комуналниот отпад, но лошата слика од Охрид е дека власта воопшто не го чисти градот и создава нови депонии.

Целиот град е во смет, контејнерите се преполни, ѓубре расфрлано насекаде, нечисти улици, неподнослива миризба, возниот парк е надвор од функција, Мауцкер остана само празно ветување, Буково чади и ги труе граѓаните… сето ова ја дава целосната слика дека Охрид ниту е чист, ниту е среден.

Со власта на СДСМ третирањето на отпадот е на најниско ниво досега.

За ова ли Георгиески доби награда од Заев повторно да биде кандидат за градоначалник?

Каде се сега возилата за комунална хигиена на ЈП „Охридски комуналец“ со кои се фалеше Георгиески?

Охрид наместо модерен туристички град со Георгиески е ставен на маргините како туристичка дестинација.

Охриѓани за брзо ќе ја испорачаат казната за ваквата неспособност и неработење на Георгиески, а Охрид ќе со гордее со нови проекти и инвестиции.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.