19/04/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Што се случува со директорите на СДСМ во Струга? Кој е следниот???

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Нешто се случува со директорите кои беа поставени од страна на СДСМ, на кардинални институции во Струга.

Имено, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга, дознава дека директорот на

СОУ ,,Нико Нестор“- Струга, денес поднел оставка од својата функција.

Се прашуваме, од кои причини го направил тоа?

Дали, евентуално, не можел да ги издржи притисоците кои СДСМ ги врши врз своите членови, носители на вискои функции?

Несомнено, тука има нешто…

Неодамна, истото се случи и со директорот на ЈП ,,Комунално”- Струга, кадар повторно поставен од СДСМ. И тој си поднесе оставка од функцијата директор, без некои особени појаснувања.

Па се прашуваме…

Дали директорите не можат да ги издржат прангите и стегите под кои мора да работаат и да ги исполнуваат желбите на тие коишто ги поставиле? Впрочем, на што се должи сево ова, дали е партиска непослушност во прашање или пак, рушење на достоинството и дигнитетот на овие луѓе, на кои веќе им дошло преку глава?

Сепак, јавноста и граѓаните на Струга треба да знаат.

Пукна ли ,,тиквата” во СДСМ?“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.