29/03/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ Струга со честитка по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Струга на сите граѓани на Република Македонија, им го честита државниот празник 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

„На овој ден, ја прославуваме идејата и храброста на шестмината сплотени Македонци, кои во далечната 1893 година ја создадоа првата семакедонска организација, која е аманет и темел за самостојна, независна и суверена македонска држава!

Нивната идеја и мисија го обедини Македонскиот народ, без разлика на нивната верска, етничка или јазична припадност.

И низ годините и вековите имало многу војни во кои имало и жртви и изгубени битки, но имало извојувани и големи победи на македонскиот народ.

Она што е наш патоказ и аманет од шестмината храбри Македонци е дека само сплотени и единствени можеме да го зачуваме ова парче земја.

Македонија во овој момент, како никогаш досега не била послаба и поразединета, но се уште има Македонци со идеја и кауза да ја зачуваат и унапредат македонската држава и се додека дише и последниот од нас, ќе ја има и Македонија!

Нека е честит и вековит, 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!,“ стои во честитката.