19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДМПНЕ утре ќе одржи протест на Градскиот плоштад во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид утре, недела (10 декември), организира протест во 12 часот на Градскиот Плоштад, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните и изјава за медиумите на претседателот д-р Кирил Пецаков.

„Упатуваме повик до сите граѓани кои не се согласуваат со антидржавната политика за притвор на уставобранителите да излезат утре на протест на Градскиот Плоштад во 12:00 часот.

Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде патриотите треба да одговараат за измислено дело тероризам.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид Ве повикува сите да излеземе и да дадеме поддршка за патриотите, да искажеме револт кон политичкиот прогон на власта, да ги осудиме реваншизмот, прогонот и неправдата и да не дозволиме тоа да продолжи.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.