17/04/2024
Дебрца

ВМРО-ДПМНЕ: Виски за живот во Дебрца

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Почитувани, сакаме да ја запознаеме јавноста како СДСМ и нивните кадри ја партиципираат власта. Должни сме да ја обзнанеме вистината како функционерите на СДСМ во сред пандемија се луксузираат таков случај е Градоначалникот Ногачески кој истиот тој ветуваше дека ќе ги намали непродуктивните трошења, но сведоци сме дека истиот склучил договор за набавка на прехрамбени продукти и пијалоци во висина од 251261 ден. Каде што Ногачески набавува виски за цена од 7200 денари, потоа набавува бело вино за цена од 2505 денари, црвено вино за цена од 2505 денари, потоа бренди (коњак) кој не е обичен туку мора да има алкохол од 36% за невероватна цена од 900 денари по шише или вкупно 18000 денари, највероватно француски коњак, потоа женски пијалок Ликер да се знае која куќа е домаќинска мора да се има се, во вкупна вредност од 4000 денари, додека народот едвај врзува крај со крај.

Дали ваков живот ветуваше Ногачески пред да ја преземе општината. За другите работи наскоро ќе обзнаниме како Ногачески ги троши народните пари спротивно на тоа што го ветуваше пред изборите.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.