ВМРО-ДПМНЕ: Заев да дојде на местото од каде ветуваше целосна грижа и да ја види лошата состојба на колекторот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Власта и Зоран Заев ветуваа комплетна санација на колекторскиот систем, но докажаа дека не знаат како треба.

Заев да дојде на истото место од каде што ветуваше целосна грижа да ја види лошата состојба на колекторот.

Пред повеќе од 4 години вети целосна реконструкција на колекторскиот систем, а денес имаме повторно фекалии, ново ЈП за вдомување на партиски вработувања и нови повисоки сметки за граѓаните.

Со тоа што доцни санацијата уште по првиот дожд фекалии и непречистени води завршија директно во Охридското Езеро нанесувајќи сериозни еколошки штети и закани за езерото.

Власта воопшто не се интересира за заштита на животната средина и Охридското Езеро.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.