25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството е во целосен колапс, компјутерскиот томограф во ЈЗУ „Општа болница“ не е во употреба

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Здравството е во целосен колапс и како да не се доволни проблемите со кои се соочуваат граѓаните поради пандемијата од КОВИД-19, дополнително во ЈЗУ „Општа болница“ не е во употреба компјутерскиот томограф.

Како може Директорот на болницата во ваква ситуација да изјави дека нема средства да се набави нов томограф?

Дали за него и за министерот Филипче е во ред пациентите да се препраќаат по приватни болници каде КТ снимање чини повеќе од 100 евра?

Зошто не си ни обидувате да го поправите и да извршите замена на нова цевка со која ќе се стави во функција?

Во сè потешка економска положба во која се наоѓаат голем број граѓани, немаат сите пациенти можност да издвојат дополнителни 6000 денари за приватен преглед.

Бараме веднаш Министерството за здравство да обезбеди средства!

Власта не ветуваше ваков живот. Граѓаните не заслужуваат вакво здравство.

Доколку навистина се грижите за здравјето на граѓаните ве молиме повлечете се и препуштете им ја работата на оние кои знаат како се прави тоа затоа што докажавте дека не можете да ги менаџирате институциите.“ – истакна Божиновски.