19/04/2024
Охрид

Внимание: Паѓаат саксии!

Југоисточниот ветер кој денес дуваше со брзина и од над 60 км/час, во Охрид за момент предизвика опасност за минувачите. Имено, на малиот плоштад кај Музичкото училиште, пред дуќаните паднаа саксии кои можеа сериозно да повредат некој од минувачите.

Ветерот стивна, а од УХМР известуваат дека следуваат пообилни врнежи од дожд во вечерните и ноќните часови. Вакво време не очекува и наредните денови.

WebOhrid