28/03/2024
Македонија

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид 19

Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти.
Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19. По градови:
– Скопје – 2
– Куманово – 9
– Штип – 2
– Тетово – 2
– Велес – 1
– Гостивар – 1
– Пехчево – 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 263 теста.
Починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една  пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.