Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од валандовско
На 19.11.2019 околу 00.10 часот на Граничниот премин „Табановце“, по добиени оперативни сознанија, било запрено товарно моторно возило „даф“, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан“, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, валандовско. Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од над 100 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол. Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.