19/04/2024
Охрид

Во Љубаништа ќе се служи света литургија за Танасовден (летен)

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, на 15 мај (вторник), во метохот на манастирот Св.Наум Охридски – Св.Атанасиј Велики – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“ со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.