29/03/2024
Охрид

Во недела на Прочка, традиционален маскенбал во Велгошти

На денот на големиот верски празник Велики Поклади (Прочка), и оваа година во с. Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Емшири 2022“.

Настанот ќе се одржи во недела (06.03.2022) на спортското игралиште во Велгошти. Почетокот е закажан за 11:00 часот. Месната Заедница на селото со поддршка од Општина Охрид обезбедија симболични пакетчиња за малите емширчиња кои ќе бидат доделени од страна на Градоначалникот Кирил Пецаков.